Мултисекторското работно тело е доброволна мултисекторска стручна група што овозможува систематско следење, анализа и препознавање на трендовите поврзани со фемицидите и обидите за фемицид во државата. Телото е формирано како заедничка заложба, преку потпишани меморандуми за соработка меѓу Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Хелсиншкиот комитет за човекови права, како и клучните институции од системот: Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Судскиот совет, Републичкото јавно обвинителство и Советот на јавни обвинители.
согледување на трендовите и ризик‑факторите
идентификација на институционалните пропусти и добрите практики
подготовка на препораки за унапредување на јавните политики и институционалните протоколи
Работното тело нема јавни овластувања и не постапува во конкретни предмети. Членовите строго ги почитуваат законските ограничувања и не смеат да влијаат врз тековни истраги или судски постапки.
Јавно обвинителство на РСМ
Совет на јавни обвинители
Судски совет
Министерство за внатрешни работи
Министерство за социјална политика, демографија и млади
Министерство за здравство
Министерство за правда
Комисија за спречување и заштита од дискриминација
Хелсиншки комитет за човекови права
Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство
По потреба: локални граѓански организации, судии од основни и апелациски судови, претставници од Народниот правобранител и Институтот за судска медицина (без формално членство и без право на глас)
Работното тело има мандат:
Во текот на работата телото се воздржува од коментирање на поединечни случаи додека траат постапките и се фокусира на системски решенија.
Врз основа на анализите, работното тело подготвува препораки за подобрување на законската рамка, институционалната координација и практики. Овие препораки ќе служат како клучен инструмент за унапредување на системот за превенција на фемициди.
Работното тело ќе ги доставува периодичните извештаи и до Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, со кое е во тесна соработка.