се лични односи меѓу лица кои се или биле во партнерски односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не.
е појава со која едно лице врши штетни однесувања/дејствија кон друго лице (жртва) со што предизвикува различни психички и физички последици. Кај жртвите на родово базирано насилство често се случува и секундарна виктимизација, која се однесува на понатамошно повторување на штетните однесувања или од сторителот или од други лица, како на пример обвинување на жртвата дека е виновна или го предизвикала насилството, несоодветно однесување на медицинскиот персонал, судскиот систем, полициски службеници или други лица и организации кај кои жртвата се обратила за помош. Жртвите на родово базирано насилство се скоро секогаш изложени на секундарна виктимизација особено од страна на членовите на заедницита во која живеат.
е секое намерно однесување на повторено заканување насочено кон друго лице што предизвикува лицето да се плаши за својата безбедност. Ова опфаќа повторувачко однесување од заканувачка природа против конкретна личност што има за последица влевање на чувство на страв кај жртвата. Опасното однесување може да се состои од повторувачко следење на жртвата, вклучување во несакана комуникација со жртвата преку сите достапни средства за комуникација, вклучително и модерните комуникациски средства и компјутерска технологија, како и ставање до знаење на жртвата дека е набљудувана. Понатаму,демнењето вклучува физичко следење на жртвата,појавување на нејзиното/неговото работно место, на спортски или образовни места каде е присутна и жртвата,како и виртуелно демнење на жртвата на социјалните мрежи. Уште повеќе, демнењето може да се состои и од најразлични деликтни однесувања, како што е уништувањето на имотот, оставање на суптилни траги од контакт со личните работи на жртвата, целење кон миленичињата, креирање на лажен идентитет или ширење на неточни информации on line.
е секое дејствие на ограничување или спречување во располагање со лични приходи и финансиски средства, за одржување на заедничкото домаќинство и за грижа на детето, со што се предизвикува економска зависност на жртвата.
се жени и девојчиња кои успеале да излезат од насилната средина и да го прекинат кругот на насилство без разлика дали насилните однесувања се случиле еднаш или повеќе пати.
е отсекување, инфибулација или секое друго осакатување во целост или делумно на големите усни (labia majora), малите усни (labia minora) или клиторисот на жената.
е секое физичко лице кое е изложено на некаква форма на насилство.
се еден вид на принудни бракови бидејќи се смета дека малолетно лице не може да донесе одлука за стапување во брак и оформување на семејство и дека раното стапување во брак може да доведе до трајни емоционални, физички и психолошки страдања. Покрај тоа, за девојчињата стапувањето прерано во брак значи уништување на можностите за образование и економски перспективи и влијае за зголемување на сиромаштијата во многу заедници во светот. Ваквиот чин во меѓународните документи се смета за злоупотреба на дете и како такво е кривично дело.
претставува кршење на човековите права, дискриминација врз жените и ги означува сите дејствија на родово базирано насилство што доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените, вклучувајќи и директни и индиректни закани и заплашување за такви акти, изнуда или произволно лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавниот или приватниот живот.
подразбира однесување на сегашен или поранешен сопружник или партнер што предизвикува физичко, сексуално, психолошко или економско насилство.
е класификација на луѓето на машки и женски. При раѓањето, на бебињата им се означува полот, обично врз основа на изгледот на нивната надворешна анатомија. Полот на лицето, како што го дефинира биологијата, е комбинација од телесни карактеристики која ги вклучува: хромозомите, хормоните, внатрешните и надворешните репродуктивни органи и секундарните полови карактеристики. Бебињата чиј пол не може да се класифицира ниту како машки ниту како женски, се класифицираат како интерсексуални.
имаат за цел заштита на жртвите од идно насилство, но при тоа, не ја оневозможуваат заштитата обезбедена од казненото законодавство. Во оваа смисла тие се третираат како паралелен, помалку наметлив и позитивен начин на заштита, односно обезбедување сигурност на жртвата. Основно е овие привремени мерки за заштита да овозможат непосредна и брза помош на жртвата, во зависност од ескалацијата, односно обемот и видот на насилството. Се изрекуваат од страна на судот, врз основа на претходно поднесен предлог за нивно изрекување од страна на: Министерството за внатрешни работи; Центарот за социјална работа; родител или старател (доколку жртвата е малолетно лице); жртвата лично. Во законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство се предвидени 11 привремени мерки за заштита. Покрај привремените постојат и итни мерки за заштита заради отстранување на непосредна и сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членови на нејзиното семејство. Итни мерки за заштита се: отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување на сторителот до домот на жртвата кои се изрекуваат по предлог на Министерството за внатрешни работи, без согласност на жртвата.
е прекинување на бременост врз жена без претходно да биде информирана и даде писмена согласност, како и вршење операција врз жена без претходно да биде информирана и даде писмена согласност, односно разбирање на постапката чија цел или последица е да се прекине нејзината способност за природна репродукција.
е присилување, намамување, доведување во заблуда, закана или на друг начин принудување на возрасен или дете да стапат во брак или вонбрачна заедница.
е злоупотреба на моќ, употреба на закани, сила или други форми на присила, измама или погрешно прикажување со цел да се контролира однесувањето и животот на жените.
е алатка за оценување и анализа која се прави од страна на застапникот или стручното лице да се одреди нивото на ризик за повторување на насилството или можно убиство за жртви на семејно насилство врз основа на последните акции и однесувања на сторителот, како и врз основа на промените во неговото однесување.Надлежните институции се должни да прават проценка на ризик од сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членови на нејзино семејство, проценка на ризик од повторување на насилството со цел управување со ризикот и обезбедување мерки за координирана помош и заштита на жртвата. Проценката на ризик се прави итно во првите 12 часа од пријавувањето.
е секое однесување со употреба на присила, заплашување или закана, кое предизвикува чувство на страв, загрозеност, вознемиреност или повреда на достоинството и психичкиот интегритет на жртвата.
е континуиран процес кој го спроведуваат државните институции и граѓанските организации чија цел е целосно вклучување/враќање во општеството (интеграција) и опоравување (рехабилитација) на жени кои преживеале некаква форма на родово базирано насилство .Овој процес значи дека жената која преживеала насилство ќе се рехабилитира и реинтегрира од психолошки, социјален, правен и економски аспект за да ѝ се обезбеди „враќање“ во нејзиното примарно опкружување (семејството и локалната заедница), и во поширок контекст „враќање/повторно вклучување“ во општеството преку обезбедување психосоцијални услуги, правна поддршка, здравствена заштита и економско јакнење. Реинтеграција вклучува и обезбедување помош и поддршка на децата и/или семејството на жената жртва.
е поим кој се однесува на социјалниот и културниот конструкт на тоа да се биде маж или жена. Меѓутоа, некои луѓе не се идентификуваат во рамките на бинарниот машко-женски систем. Родот постои независно од полот, така што родот на поединецот не одговара секогаш на полот кој му е назначен при раѓањето.
е термин што се користи за воспоставување на основата на статистичката дефиниција за родово базирани убиства на жени и девојки (фемицид) и се однесува на главните причини — како што се стереотипните родови улоги, дискриминацијата врз жените и девојките, нееднаквоста и нерамноправните односи на моќ меѓу жените и мажите во општеството — кои го карактеризираат специфичниот контекст во кој овие убиства се случуваат. Овие фактори можат да доведат до насилство од страна на сторителите кога однесувањето на жената се перципира како отстапување од општествените норми или од стереотипните родови улоги. Во овој контекст, терминот „родово базиран мотив“ не се однесува на субјективната намера на сторителот да го изврши убиството, туку на основните, структурни причини. Субјективниот мотив на сторителот — како, на пример, пристрасност или омраза кон жените — може да биде присутен во одредени случаи, како дополнение на „родово базираната мотивација“.
врз жените се подразбира насилство насочено против жената поради нејзина припадност на женскиот род што доведува или може да доведе до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените, вклучувајќи и директни и индиректни закани и заплашување за такви акти, изнуда или произволно лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавниот или приватниот живот.
е секое вербално, невербално или физичко однесување од сексуална природа што има за цел или последица повреда на достоинството на лицето, особено кога се создава заканувачка, непријателска, деградирачка, понижувачка или навредлива средина.
е несакано вербално, невербално или друго постапување од сексуална природа, што има за цел или последица повреда на достоинството или создавање на заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина, пристап или практика.
е секое дејствие од сексуална природа со кој било телесен дел или предмет на телото на друго лице без негова/нејзина согласност. Сексуално насилство постои и кога се наведува друго лице без негова согласност да се вклучи во акти од сексуална природа со трето лице. Согласноста мора да е изразена доброволно како резултат на слободната волја на лицето.
подразбира малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, сексуално или друго психолошко, физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, вклучувајќи и закани за такви дејствија, спрема брачен другар, родителите или децата или спрема други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема сегашен или поранешен брачен другар, вонбрачен партнер или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не.
претставуваат сервиси за поддршка кои креираат и нудат сет на услуги кои треба да одговорат на конкретните потреби на жртвите на различни облици на насилство врз жената и согласно тоа не се отворени за општата популација. Иако овие специјализирани сервиси може да бидат раководени и финансирани и од страна на државата, сепак во најголем дел истите ги обезбедуваат и пружаат невладините организации кои работат во оваа област. Во специјализирани сервиси спаѓаат: засолништа за жени жртви на насилство, кризни центри за жртви на силување, центри за жртви на сексуално насилство, телефонски линии за помош, советувалишни центри (кризна интервенција, психолошко советување, бесплатна правна помош ). Специјализираните услуги се обезбедуваат без надоместок, на начин на кој се штити приватноста, достоинството и угледот на жртвите. Специјализираните услуги се достапни за сите жртви вклучително и нивните деца независно од волјата на жртвата да сведочи во постапка против сторителот.
е секое физичко и правно лице кое извршило или не преземало дејство за спречување на насилство.
е дејствие со кое преку сила, сериозна закана жртвата се доведува во заблуди или други форми на присилба, грабнување, измама, со злоупотреба на својата положба или состојбата на бременост, немоќ или физичка или ментална неспособност на друг или со давање или примање пари или друга корист заради добивање согласност на лице кое има контрола на друго лице или на друг начин врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа лица заради експлоатација по пат на проституција или други форми на сексуална експлоатација, порнографија, принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови, присилна бременост, незаконито посвојување или нему сличен однос, питачење или експлоатација заради со закон забранета активност или недопуштено пресадување делови од човековото тело.
се најтешката форма на насилство врз жени и девојчиња и се појавуваат во многу форми. Причините се наоѓаат во историски нееднаквата дистрибуција на моќ помеѓу мажите и жените, како и во системската родово заснована дискриминација. Непостоење на законска рамка која промовира родова еднаквост и/или не имплементирање на истата придонесува кон нееднаков пристап на жените и мажите до образование, здравствена заштита, социјална заштита, платена работа, стекнување со имот, финансии и многу други сфери. Нееднаквите можности на жените и мажите доведуваат до зголемен ризик кај жените да станат жртви на насилство.
е секое дејствие на примена на физичка сила или дејствие со кое се нарушува здравјето и телесниот и психичкиот интегритет на жртвата.